Услуги

Body to balance е професионално студио за масажа, мануелна терапија и кинезитерапија каде може да ги добиете следните типови на мануелни терапии и масажи:

Начин на дејствување и позитивни ефекти од примена на TECAR терапија

TECAR (текар) е кратенка од Transfer of Energy Capacitive and Resistive и преставува форма на ендогена термотерапија. Овој вид на терапија лекува преку создавање на топлина во телото.

TECAR терапија преставува иновација во областа на термотерапијата. Се заснова на примена на радиофреквентни струјни бранови кои предизвикуваат топлотна реакција во ткивата. Со третирање на повредената област со биокомпатибилна енергија, метаболичките процеси се забрзуваат и истовремено се стимулираат процесите на самолекување.

За разлика од другите традиционални методи (инфраред ламби, ласери, ултразвук и електротерапија) чие дејство е ограничено на површинските слоеви на телото, бидејќи нивното дејство доаѓа однадвор, TECAR терапјата со капацитативен и резистентен режим може да создаде длабок терапевтски ефект кој достигнува длабоко во третираната област со што се забрзуваат природните процеси на регенерација и притоа се постигнува антивоспалително дејство.

TECAR терапијата се применува преку две електроди чиј извор е генератор на радио бранови. Со помош на специјален гел, со притискање на кожата, радио брановите ја стимулираат внатрешната енергија на телото и испуштаат доволна количина на топлина што е потребно да се намали болката и воспалението и да се подобри циркулацијата на крвта.

Количеството на создадена топлина зависи од диелектричните својства и омскиот отпор на ткивата. Човечкото тело претставува сложен систем на кондезатори и омски отпор. Клеточните мембрани представуваат диелектрикум, а меѓуклеточната течност, од една страна, и цитоплазмата од друга страна, представуваат спроводници. Ендогената топлина која настанува од TECAR терапијата се создава во длабочината на ткивата, и продолжува да се создава во ткивата и по прекинување на процедурата и бавно се отстранува од ткивата.

Под нејзино влијание настанува активна и длабока хиперемија и притоа се постигнуваат следните ефекти:

  • Се зголемува циркулацијата на крвта и лимфата.
  • Се зголемуваат метаболните процеси.
  • Се зголемуваат дифузионите процеси и пропусливоста на капиларите.
  • Се ресорбираат патолошките продукти.
  • Се намалува отокот на ткивата (антифлогистичко дејство, особено во подлабоките ткива).
  • Се стимулираат регенеративните процеси.
  • Се зголемува ензимската активност, особено во синовијалните клетки и фибробластите.
  • Дејствува на имуниот систем локално, при што поради зголемена пропустливост на крвните садови се зголемува концентрацијата на леукоцитите и антитела во ткивата, со зголемена фагозитоза и елиминација на токсини.
  • Се намалува зголемениот болен спазам на напречно-пругастите мускули.
  • Се зголемува екстензибилитетот на колагенот во сврзното ткиво (кај тетиви, зглобна капсула, ожилно ткиво).
  • Се намалува болката (преку влијание на вазомоторните нерви и кочење на симпатикусот).
  • Се постигнува седативно дејство на нервниот систем.
  • Се зголемува брзината на спроводливост на периферните нерви.
  • Дејствува симпатиколитично на вегетативниот нервен систем.
  • На крвните садови дејствува во смисла на активна хиперемија. Особено се прошируваат артериолите и капиларите. Текот на лимфата се забрзува и зголемува. Освен локална, постои и консензуална вазодилатација, како и вазодилатација во внатрешните органи која е предизвикана од кутовисцерални рефлекси.

    Примена на TECAR терапијата
    • Рехабилитација

    Функционалните ограничувања кои произлегуваат од траума секогаш се придружени со симптоми на болка. TECAR терапијата делува на рецепторите за болка – ноцицептори, благодарение на интензивното активирање на микроциркулацијата на крвта и лимфниот систем. Исто така ја блокира сензацијата на болка преку ослободување на ендорфини.

    • Акутни и хронични патологии

    TECAR терапијата е особено ефикасна во рехабилитација на трауми кои се во акутна и хронична фаза, кај остеоартикуларни и мускулни патологии со воспалително потекло како што се латерален епикондилитис (тениски лакт), медијален епикондилитис (голферски лакт), плантарен фасциит, цервико-брахијалгија и лумбален синдром. Ова се само дел од патологиите кои успешно се третираат со долготрајни ефекти.

    • Ревматологија

    За ревматски патологии, користењето на TECAR терапија со енергија овозможува добивање на оптимални резултати во модулацијата на воспалителните процеси, намалување на болката во зглобовите и мускулите, со цел да се одржи правилната функција на мускулниот и скелетниот систем. TECAR терапијата овозможува отстранување на метаболичките отпадоци создадени со воспалителните процеси. Ова доведува до подобрена оксигенација на ткивата и заздравување на микро-лезиите.

    • Трауматологија

    TECAR терапија игра фундаментална улога во третманот на трауматските патологии и овозможува третман кај дисторзии (шинување) и контузии дури и кога истите се во акутна фаза. Брзата интервенција спречува создавање на едеми и преку апсорпција на вишокот течности од страна на лимфниот систем, ја намалува болката и отокот. TECAR терапијата делувајќи на периферниот циркулаторниот систем, овозможува намалување на хематомите, а со тоа и превенира оштетување на мускулните влакна.

    • Лимфна дренажа

    Се почесто кај луѓето се јавуваат проблеми во венскиот и лимфниот систем. Постојаниот стрес, предолгото седење, прекумерената телесна тежина и неправилната исхрана води до оптеретување на нашиот организам. Последица е лошата циркулација на ткивата, особено на нозете, задникот и стомакот, собирање на отпадните продукти на метаболизмот, полнење и зголемување на волуменот на масните клетки, отекување на нозете, создавање на целулит и проширени вени. Со TECAR терапијата ја стимулираме и ја одржуваме нормалната функција на лимфата, да се собере вишокот течност од ткивата, да се прочисти и да се врати во крвотокот. Ова е важна улога бидејќи многу суспстанции континуирано истекуваат од капиларите во крвта во околните ткива. Кога лимфниот систем не може да успее да ги измие овие вишок течности, тие можат да се акумулираат, да предизвикаат оток и потенцијално да го зголемат ризикот од инфекции. Ефикасен лимфен систем му помага на телото да се одбрани од бактерии, вируси и габи кои можат да предизвикаат разни болести.

    Спорт
    • Превенција

    Хиперемијата предизвикана од TECAR терапијата со својата ефикасна и длабока васкуларизација, на спортистот му гарантира максимална мускулна еластичност за време на спортската активност, одржување на мускулите во добра состојба а со тоа и го минимизира ризикот од спортски повреди и болки во зглобовите.

    • Третирање на спортски повреди

    Во професионалниот спорт, важно е брзо да се намали отокот, да се започне процесот на рехабилитација и да се врати правилната моторна функција. TECAR терапија во комбинација со мануелна терапија овозможува стимулирање на циркулаторниот систем, со што помага при елиминација на метаболити и вишокот течности, со цел да се намали отокот и болката. TECAR терапијата, предизвикува значителна вазодилатација и голема биостимулација. Оваа биостимулација промовира ремоделирање на клеточните структури, зголемување на способноста на сврзното ткиво да се прошири и да се намали вискозноста. Благодарение на оваа карактеристика, TECAR терапија има фундаментална улога во процесот на спортска рехабилитација, го зајакнува мускулното ткиво и повторно воспоставува рамнотежа помеѓу агонистичките и антагонистичките мускули, што доведува до стабилно и ефикасно закрепнување и одржување на функцијата.

    LOMI LOMI е уникатна, течно поврзана, ритмична и динамична масажа на целото тело, кое истовремено се третира од главата до стапалата.

    Брзо ја одстранува напнатоста, ги регенерира животната енергија и доброро расположение. Таа е автентична хавајска масажна техника, која ја употребувале хавајските шамани.

    Со хавајската масажа допираме до јадрото на човечкото тело, го будиме „духот на Алохa” се со цел човекот да се отвори кон природата и да ја поврати врската со надворешниот свет. Целта е човекот максимално да се отвори и на тој начин да стане чувствителен за восприемање на надворешниот свет и случувањата во него.

    Духот на алоха еоснова во филозофијата на хавајската масажа, која темели на принципите на ХУНА филозофијата, а станува збор за стил и начин на живеење.

    Основната придобивка од хавајската масажа е намалување на напнатоста, зголемување на виталноста и енергијата, подобрување на здравјето и чувството на среќа. Масирајќи, со големи количини на масло и употребувајќи ги дланките, подлактиците и лактите, масажата постигнува рамнотежа на физичко, ментално, духовно и емоционално ниво.

    Масажата има симболика на водата и ги симболизира морските бранови, а телото на масираниот го симболизира морскиот брег, па затоа ќе речеме ,,на спојот од морето и брегот се случува ломи ломи”.

    Туи-на е кинеска медицинска масжа и е значаен дел од традиционалната кинеска медицина(ТКМ).

    Се заоснова на филозофскиот концепт на ТКМ за животот и здравјето, кој темели на теориите:
    • Јин и Јанг.
    • Теоријата на петте елементи.
    • Животната енергија-Qi
    • Меридијаните, каналите по кои таа циркулира.

    Делува на целиот организам, како рехабилитирачки така и превентивно.

    Делува на:
    • Имуниот систем.
    • Ефикасна е при напнатост и болки во мускулите и зглобовите.
    Се употребува при хронични болки и состојби како што се:
    • Главоболка.
    • Мигрена.
    • Несоница.
    • Замор.
    • Стрес.
    • Проблеми со системот за варење.
    • Ладни нозе.
    • Задржување на вода во организмот.
    • Болки во крстот.
    • Менструални и уринарни проблеми.
    • Мускулна напнатост и грчеви.
    • Хипертензија.

    Ефикасна е како површински на кожата, така и длабински на мускулите, тетивите, лигаментите и внатрешните органи.

    Основната терапевтска ориентација е кон воспоставување на слободен проток на енергијата(Qi) низ енергетските канали-меридијани. Меридијаните се канали по кои тече животната енергија(Qi). Според теоријата на ТКМ постојат 12 парни меридијани и 2 непарни меридијани кои течат по целото тело и во основа можат да се поделат на 6 меридијани на раката и 6 меридијани на ногата, од една страна. Од друга страна можат да се поделат 6 ЈИН меридијани и 6 ЈАНГ меридијани. Двата непарни меридијани течат по средишните линии на телото, еден однапред кој е ЈИН по својата природа и еден одзади кој е ЈАНГ по својата природа. Овие меридијани ги контролираат и надгледуваат останатите 12 парни меридијани. На меридијаните се наоѓаат 365 акупунктурни точки, кои со оваа масажа ги стимулираме и масираме. Преку нивната стимулација влијаеме на протокот на енергија низ меридијаните.

    Со туи-на масажата мануелно влијаеме да се подобри енергетскиот проток, односно да се одстранат блокадите настанати заради влијанието на најразличните патогени фактори во секојдневниот живот, како што се:

    • Долготрајна емотивна состојба на жалост, страв, грижа, гнев, лутина
    • Несоодветна, прекумерна или пак недоволна исхрана
    • Несоодветна физичка активност
    • Замор, стрес и преоптоварување

    Туи-на е пред се начин за повторно воспоставување на нарушената рамнотежа во телото, секогаш кога тоа е потребно.

    Масажата го подобрува протокот на енергија, кој е блокиран заради влијанието на патогените фактори, и на тој начин ги подобрува здравјето и виталноста. Изворната, оригиналната кинеска масажа се изведува на облечен пациент, на западните простори пак, таа е адаптирана како масажа со масла, заради воспоставување на непосреден контакт со кожата на пациентот.

    Се употребуваат цврсти и одлучни масажни техники и манипулации, кои влијаат релаксирачки. Многупати ја комбинираме со најразлични техники и помагала ( акупресура, артикулаторни техники-манипулации, вентузи, топли камења, гуа-ша, креми), се со цел да се зголемат и нагласат нејзините ефекти.

    Масажата со топли вулкански камења е со богата историја и традиција.

    Топлите камења се користат како помагало во масажата. Нивната топлина овозможува максимално опуштање а во комбинација со етерични масла ја подобрува циркулацијата, ги опушта мускулите и ја стимулира детоксикацијата. Топлите камења можеме да ги употребиме така што со нив го масираме клиентот, но истовремено и да ги позиционираме на избрани точки од телото. Топлината од камењата ја подобрува циркулацијата, ги размекнува тврдите ткива и напнати мускули, со што се подобрува подвижноста во зглобовите.

    Главното дејство на оваа масажа е детоксикација на организмот, како и релаксација и опуштање.

    Топлината од вулканските камења продира длабоко во телото, се ослободуваат хемиски материи (ендорфини) во телото, кои позитивно влијаат на нашиот организам и расположение.

    Ефикасно средство е за ослободување од секојдневната напнатост и стресот.

    Вентузите претставуваат специјални чашки изработени од најразличен материјал, кои имаат заоблени и мазни рабови кои овозможуваат идеално лепење на кожата.

    Како дијагностичка и терапевтска метода е стара и древна техника која представува составен дел на традиционалната кинеска медицина. Користејќи ги основите и принципите на ТКМ има стара и долга историја на употреба од повеќе илјади години.

    Наназад низ историјата на масажата, вентузите се употребуваат веќе илјадници години и тоа низ различни облици на формирање на вакумот(рогови од животни, бамбусни чашки, стаклени чашки, пластични чашки, силиконски и сл.), но и за решавање на различни проблеми (болки, состојби на настинка, подобрување на општата состојба на организмот, подобрување на циркулацијата и размената на материите, подобрување на протокот на енергијата и сл.)

    Најчесто применувани се вентузите направени од медицински силикон, кои се пријатни за кожата и одлично се прилепуваат на различните делови од телото, но и пластичните и стаклените вентузи.

    Со вентузите овозможуваме:
    • Подобар проток на крв,лимфа и меѓуклеточни течности.
    • Непречен проток на Чи енергијата и одстранување на евентуалните блокади.
    • Намалување на отоците и болката.
    • Рамнотежа во дистибуцијата на телесните течности.

    Bowen-овата терапија е австралиска мануелно-терапевтска техника која е неинвазивна, нежна, холистичка, невроструктурна, хармонизирачка и интегративна метода, при која терапевтот употребува нежни движења и потези на точно одредени делови и структури на телото. Представува сомато-вибрациски начин на внесување на дразби во невролошкиот систем, преку комбинација на прецизни и нежни манипулации/движења, кои се изведуваат попречно на мускулното ткиво, тетивите, фасциите, периферните нерви или акупунктурни точки или канали. Серија на последователни бовнови потези чинат група на потези, кои преку очекувани реакции во организмот водат до целосно систематско ресетирање и интеграција на организмот, како на физичко така и на енергетско ниво. Односно води до хармонизација и баланс на организмот, пред се на невро-ендокрино ниво.

    Основач на бовновата техника е THOMAS AMBROSE BOWEN (1916-1982), роден во Melbourn, Австралија. Принципите на оваа терапија започнал да ги применува во шеесетите години на минатиот век, која во негова чест е именувана како Бовнова терапија. Најголем дел од своите успеси Том ги забележува во Geelong, Австралија, каде работел и ја применувал терапевтската техника, а денес таму постои и Академија за Бовнова терапија, во која се едуцираат многу терапевти. По неговата смрт, благодарение на неговите ученици, поточно од 1986г. Бовновата терапија се раширила пошироко од Австралија и Нов Зеланд, пред се во државите со англиско говорно подрачје, каде успешно ја применуваат се повеќе терапевти. Особено е позната Америка, Западна Европа и Велика Британија. Светската здравствена организација ја има признаено терапијата, која во светот е позната како Бовнова терапија, а и во многу земји е признаена од државните и приватните здравствени фондови, што овозможува инкорпорирање на терапијата во здравстевниот систем.

    Механизми на делување/дејство на Бовен техниката
    Терапијата е многу ефикасна и брзо ја намалува миофасцијалната напнатост и предизвикува рамнотежа во невролошкиот, ендокриниот, лимфниот и енергетскиот систем. Системскиот и интегриран одзив на организмот започнува со препознавање на дразбите, кои ги восприемаат рецепторите во кожата, мускулите и фасциите, а кои долж периферните нерви се пренесуваат до централниот нервен систем. ЦНС ги прима, обработува, интегрира примените импулси и возвраќа со еферентни одговори на телото. Станува збор за прости и сложени рефлекси, кои се основа на функционирањето на невромускулниот и невроендокриниот систем. Основна цел/мета на терапијата се следниве органски системи во телото:

    • Автономниот нервен систем.
    • Фасцијата и сврзното ткиво.
    • Проприоцепција и останати рецептори.
    • Мускулите, зглобовите, тетивите и лигаментите.
    • Меридијаните и одредени акупресурни точки.
    • Рефлексните зони.
    Преку активација на овие структури, техниката ги манифестира и своите ефекти и резултати. Ефикасноста/успешноста на терапијата е околу 85%.

    Фасција

    Бовен техниката има значајни и многу специфични ефекти на фасцијата. Фасцијата преставува сврзно-ткивна обвивка, која ги обвиткува мускулите, тетивите, лигаментите, но и крвните садови и внатрешни органи, која претставена како површинска, длабока и висцерална фасција, прави мрежа/поврзување на сите структури во една целина. Бидејќи основните бовнови потези ги изведуваме најчесто преку овие структури(мускули, тетиви, лигаменти), а истите се обвиени со фасција, тоа значи дека со нив предизвикуваме ефекти и на фасцијата која потпомага во ширење на предизвиканите дразби во ширина но и во длабочина. Фасцијата има многу значајна улога во телото, која покрај структурна е и поврзана со движењата на телото. За намалување на миофасцијалната напнатост, покрај бовен терапијата е потребна и соодветна хидратација на телото(соодветен и доволен внес на вода) што е една од трите главни препораки и совети меѓу бовен третманите.

    Проприоцепција и останати рецептори

    Рецепторите се составен дел на ЦНС, пред се на рефлексниот лак, како компоненти кои ја примаат дразбата/импулсот, кој пак претставува главна и основна компонента на бовен техниката. Проприоцепторите се рецептори кои се одговорни за добивање и пренесување на информацијата за положбата на телото или делови од телото, како и за промена на истата. Со самата техника се дразнат различни рецептори како: голџиеви, руфиниеви, пачиниеви, интерстициелни, мускулно вретено, ноцицептори... Со помош на бовновите потези ние вршиме дразба и активација на рецепторите, кои потоа овозможуваат пренос на дразбата до соодветната адреса во ЦНС.

    Автономен нервен систем

    Автономниот нервен систем е составен дел на нервниот систем во човековото тело, кој функционира без наша воља и е одговорен за функцијата на внатрешните органи и ендокриниот систем. Составен од два наспротно-делувачки система, симпатикус и парасимпатикус, е значаен дел преку кој бовен терапијата ги манифестира своите ефекти. Особено е значајно да се истакне влијанието на техниката врз парасимпатикусот, односно со помош на бовен техниката овозможуваме релативна предоминација на парасимпатикусот, а со тоа и ефектите и резултатите кои произлегуваат од оваа предоминација. Техниката ги активира параспиналните регии/спиналните нерви и ганглиони. Се предизвикуваат и соматовисцерални рефлекси. Реакции кои се очекуваат заради активација на АНС се пред се вегетативни реакции: студ/топлина, црвенило/бледило, наежена кожа, транзиторна непријатност, потење на дланките, длабоко опуштање, гласна перисталтика...

    Пиезоелектричен/микроелектричен ефект

    Основните движења, наречени бовнови потези, ги изведуваме преку одредени структури во телото( мускули, мускулни влакна, тетиви, лигаменти, колагени влакна, нерви), притоа вршејќи одреден механички притисок врз истите. Појавата кога со помош на механичка дразба предизвикуваме електричен тек/импулс, се нарекува пиезоелектричен ефект. Станува збор за промена на мембранскиот потенцијал од потенцијал во мирување во акционен потенцијал, кој потоа се шири долж нервните влакна, како нервен импулс.

    Акупунктурни точки и канали/меридијани

    Меридијаните/каналите се канали по кој тече енергијата /биопотенцијалот наречен Чи, според теоријата на традиционалната кинеска медицина. Акупунктурните точки се најповршинските места на овие канали, со чија стимулација влијаеме на текот на енергијата. Одредени бовнови потези ги изведуваме токму преку одредени точки и акупунктурни канали, заради што за правилно изведување на терапијата е потребно соодветно знаење на основите на традиционалната кинеска медицина.

    Бовен терапијата е корисна и ефикасна, а особено добри резултати се забележуваат кај следниве состојби:
    • Болки во грбот( сколиоза, остеоартритис, дископатија, ишијас, проблеми со вратот и сл.)
    • Болки и проблеми со зглобовите( рамо, тениски и голферски лакт, колено, скочен зглоб, халукс валгус и сл.)
    • Акутни и хронични проблеми со меките ткива( синдром на карпалниот тунел, фибромијалгија, миофасцијален синдром..)
    • Акутни и хронични спортски повреди, како и превенција на истите
    • Разни видови на главоболки и мигрени
    • Проблеми во дишниот, дигестивниот, репродуктивниот и хормонскиот систем, како комплементарна метода
    • Акутен и хроничен замор, стрес, несоница
    • Паркинсова болест, мултипла склероза и други автоимуни болести
    • Проблеми со темпоромандибуларниот зглоб
    • Како рехабилитационо средство по операции, долготраечки и исцрпувачки хронични болести
    • Колики кај доенчиња
    • Гинеколошки проблеми, хормонски дизбаланс(проблеми со тиреоидеа) и стерилитет
    • Бовновата терапија е одлично превентивно средство кај луѓе од сите возрасти.

    И уште цела низа други заболувања, кај кој се забележани одлични резултати со примена на оваа техника. Речиси и да не постојат контраиндикации, кој би ја ограничиле употребата на оваа техника. Бидејќи станува збор за исклучително нежна и ефикасна техника, лесно ја поднесуваат како возрасните, така и малите деца. Третманите се изведуваат најчесто еднаш неделно, ретко двапати неделно, но не повеќе од 12-14 дена меѓу два третмани. Во една серија/циклус на терапии се изведуваат 5-8-10 третмани, по што се прави пауза или третмани на одржување на секои 2-3 седмици.

    Yumeiho или специјална јапонска боженствена масажа е превентивна и терапевтска метода, холистичка јапонска масажа и мануелна терапија која се користи за третирање на многу состојби, како и за подобрување на менталното и физичкото здравје. Додатна корист е чувството на тотална релаксација и подмладување.

    Yumeiho терапија е комбинација на мудроста на јапонската и кинеската медицина со јапонска прецизност. Создадена е од dr Saionji Masayuki Otsuki (1943-2005), основач и директор на Меѓународниот Институт за Медицинска Превенција во Токио, сега регистриран како Yumeiho Институт.

    Основната теорија на Yumeiho се заоснова на еквилибриум на телото, во јапонската терминологија познат под името CHUSHIN SETSU или теорија на ЦЕНТРАЛНАТА ЛИНИЈА. Таа теорија објаснува дека тежината на телото треба подеднакво да биде распоредена на двата долни екстремитети. Главната улога во Yumeiho имаат карлицата и колковите. По Масајуки Сајонџи 99% од луѓето имаат дислоцирани зглобови на карлицата и колковите. Нивната сублуксација доведува до промена на тежишната линија на телото, што значи и пореметување на идеалната рамнотежа, дизбаланс во оптеретувањето на долните екстремитети, што со текот на времето ќе доведе до сериозни здравствени пореметувања.

    Главна цел на Yumeiho терапијата е мобилизирање на само исцелувачките сили во организмот преку примена на масажните зафати и поставување на ’рбетниот столб, карлицата и колковите да ја врати тежишната линија во позиција каде тежината на телото би била подеднакво распоредена на двата екстремитети.

    Со примена на Yumeiho се постигнува:
    • Намалување на мускулната тензија
    • Размекнување на сврзноткивните структури
    • Подобрување на крвната и лимфната циркулација
    • Зголемување на обемот на движење во зглобовите
    • Општа релаксација на целиот организам

    При зголеменото работно време, и големиот број на обврски кои стануваат тренд во денешницата, сите бараме начин како да избегаме од напнатоста, стресот, негативната енергија и се надеваме на повеќе одмор, кој секако би ни дошол добро. Кога станува збор за физичко опуштање на тензијата во телото, совршен избор за тоа е шведската масажа.

    Овој вид на опуштање на телото води потекло од 19 век, и кај европјаните всушност е познат под името класична масажа. Таа е некој облик на ориенталните масажи, специфична и интересна, позната и особено користена на Западот.

    Техниките на т.н. Шведска масажа се разликуваат од другите видови на масжи поради специфичноста во редот по кој се изведуваат. Разликата кај овој вид на масажа е дека се применува подлабок притисок, има зголемување на оксигенацијата на крвта и ослободување на метаболниот отпад како што се млечната и уричната киселина од ткивата на мускулите. Техниките се посебно корисни кај спортисти, кои се подложени на сериозни физички вежби и оптоварување, со што се предизвикува таложење на млечна киселина во мускулите. Шведската масажа има различни медицински и терапевтски цели. Помага не само за олеснување на физичкиот , но и на емоцијалниот стрес.

    Таа е важен фактор за ослободување на стресот, како физички, така и психички
    • Помага при ослободување на токсини од метаболизмот
    • Ја подобрува циркулацијата на крвта
    • Придонесува во намалување на симптомите кај хроничните болести
    • Помага за опуштање на мускулите
    • Го подобрува изгледот на кожата
    • Овозможува поголема флексибилност

    Масажата го подобрува изгледот на телото, а на психички план влијае на зголемувањето на личната самопочит и самодоверба, и го олеснува чувството на напнатост и нервоза. Таа истовремено придонесува за активирање на хормонот на среќа, кој е особено важен за ослободување од стресот.

    Постојат 5 главни техники на масажа развиени од шведскиот лекар Per Henrik Ling, физиотерапевт и наставник по медицинска гимнастика.

    • effleurage - се состои од долги, лизгачки движења кои опфакаат различни делови од телото. Тие се прават со помош на длакната на раката или на прстите, техниката помага во подобрување на циркулацијата, смирување на нервите и релаксација на телото
    • patrissage -  со втората техника наречена “месење”, вклучени се мускулите на телото, со која се постигнува поголема длабочина на масажата, на овој начин се ослободува напнатоста во мускулите, се подбрува протокот на крв и се зголемува лимфната дренажа.
    • tapotement – се состои од ритмички удирања со дланката во форма на чашка, тупаница или прстите.
    • friction - фрикција за затоплување на ткивото
    • vibration – се користат осцилаторни движења со кои телото се тресе или вибрира, за да се ослободи мускулната тензија.

    Се поголем број луѓе се занимаваат со спорт рекреативно или професионално. Како што се зголемува интензитет на тренингот, потребата за спортска масажа е се поголема.

    Спортската масажа е од голема помош за време на опоравување од напорен тренинг, но има можност и со нејзина помош да се зголемат спортските резултати. Исто така, овој вид масажа им помага на рекреативците да се заштитат од несакани спортски повреди. Добрата спортска масажа обезбедува движење на хранливи материи во мускулите и го забрзува заздравувањето. Длабинската масажа на мускулите исклучително успешно ги ослободува млечните киселини.

    Спортската масажа се разликува од останатите типови на масажа по техниките кој се употребуваат при спортската масажа, а кои се насочени кон посебни мускулни групи, активни во соодветниот спорт. Нејзината историја датира уште од античка Грција, кога на олимписките игри ги масирале спортистите пред настап. Официјално методите и техниките на спортската масажа биле представени за првпат во Финската школа за масажи во 1900 година. Во 1980 година, Jack Meagher со својата книга за спортска масжа, која представува прва книга за спортска масажа, значајно допринел за развојот и ширењето на спортската масажа по целиот свет.

    Техниките на спортската масажа се наменети за:
    • Загревање и размекнување на мускулните ткива
    • Израмнување и балансирање на мускулните влакна
    • Потпомагање за побрза регенерација и заздравување на повредите
    • Подобрување и забрзување на излачувањето на отпадните материи од мускулите
    • Наменета е за подготовка и одржување на формата на спортистите
    • Спречува и/или заздравува можни спортски повреди
    • Подобрување на психофизичката состојба кај спортистите

    Согласно техниките кои ќе се употребат масажата може да биде :

    • ПОДГОТВИТЕЛНА/ТОНИФИЦИРАЧКА – телото се подготвува за соодветниот напор, тренинг или натпревар
    • РЕЛАКСИРАЧКА/ПО НАПОР – телото се релаксира по напорниот тренинг или натпревар

    Акупунктурата е една од најстарите форми на лекување на Алтернативната медицина. Таа се состои од вметнување и манипулирање на тенки игли во одредени точки на телото за ослободување од болка или за терапевтски цели. Постојат различни видови на акупунктура кој се практикуваат и учат низ целиот свет.

    Традиционалната кинеска медицина (ТКМ) е заоснована на пред-научна парадигма на медицина која се развивала преку неколку илјади години и вклучува концепти кои немаат застапник во современата медицина. Во ТКМ, телото се третира како една целина составена од неколку ,,функционални системи” познати како Zang-Fu. Овие системи се именувани по одредени органи, иако системите и органите не се дирекно поврзани. Системите Zang се поврзани со цврстите - јин органи како црниот дроб, додека Fu се поврзани со шупливите - јанг органи како што се цревата. Здравјето е објаснето како состојба на баланс помеѓу јин и јанг. Традиционалната акупунктура има уникатен патофизиолошки концепт за настанувањето на болните состојби. Според традиционалната Кинеска филозофија, човековото здравје зависи од состојбата на енергијата наречена Чи која се движи низ телото и е одговорна за сите, како физички така и психички, емотивни, духовни и ментални состојби. Недоволниот, небалансираниот или прекинат проток на Чи може да доведе до болест. Протокот може да биде нарушен од голем број на емоционални, ментални и физички фактори. Третманите се насочени кон воспоставување на баланс помеѓу јин и јанг, кој пак ќе доведе до нормален проток на Чи енергијата.

    Западната медицинска акупунктура го комбинира традиционалното кинеско знаење и искуството од научните познавања на анатомијата, заедно со принципите на медицина базирана на докази. Помалку значење се дава на Чи, додека главниот акцент се става на стимулирање на нервниот систем. Последните проучувања сугерираат дека со вметнувањето на игли на специфични точки, телото ослободува голем број на невромедијатори и хормони. Според досегашните познавања со акупунктурата првично се афектира нервниот систем, кој покрај испраќањето на сигнали преку нервните клетки исто така реагира и со ослободување на различни биохемиски супстанци којшто влијаат и на другите клетки во телото. Покрај традиционалните акупунктурни точки, во западната медицинска акупунктура се користат и други, сензитивни точки, или точки со помош на кои преку рбетниот столб се влијае на делот од телото којшто се третира.

    Со медицинската акупунктура успешно третираме:

    • Болки во грбот
    • Болки во зглобовите
    • Болки во мускулите
    • Мигрена
    • Намалена циркулација
    • Хроничен стрес
    • Грчеви во мускулите
    • Хроничен умор
    • Спортски повреди

    Кинезитејпингот со успех ги третира проблемите на мускулите, зглобовите и отоци, се користи како превентивна мерка во рекреативното спортување и во професионалниот спорт. Креатор на овој метод е Јапонскиот физиотерапевт Кензо Касе, кој што го поставил темелот уште во седумдесетите години од минатиот век и кој се до денес, повеќе од 30 години, успешно се усовршува.

    При воспаление на мускулот, просторот меѓу кожата и мускулот е намален, што доведува до патолошки промени на фасцијата и е причина за намален проток на лимфната течност. Лимфниот застој врши компресија и ги иритира рецепторите за болка на кожата, кое што води до создавање на локална болка. При аплицирањето на кинезио лента, се зголемува просторот помеѓу кожата и мускулот, што придонесува за слободен проток на лимфната течност и лимфен материјал, така се намалува дразнењето на рецепторите за болка и како резултат на тоа болката се намалува или исчезнува. Овој ефикасен метод на лекување стана составен дел на превентивата или рехабилитацијата на сите светски првенства.

    Преку стимулирањето на проприоцепторите се постигнува подобро чувство во движењето. Функционалната и механичката корекција создава пасивна подпора, а со тоа и подобрување на функцијата на зглобот. Траките се тенки, со дебелина приближна на човечката кожа. Направени се од 100% памук на кој е нанесен 100% полиакрил, кој е нанесен брановидно, слично на градбата на колагенот во сврзното ткиво. Не содржат никакви лековити супстанции, туку делуваат само со своето физиолошко дејство.

    Најважните индикации за оваа техника се:

    • Проблеми со зглобовите
    • Проблеми со мускулите, тетивите и лигаментите
    • Отоци и хематоми
    • Спортски трауми и превентивно кај спортисите
    • Постоперативно

    Техниката може да се аплицира на речиси секој дел од телото и на повеќе делови одеднаш. Апликацијата не го попречува секојдневното функционирање и туширање на клиентите, бидејќи се еластични, лесно прилагодливи на телесната структура и водоотпорно.

    Рефлексотерапија е вид на масажа, кога со притискање и масирање на рефлексните зони на стапалата и дланките, влијаеме на релаксацијата и урамнотежувањето на целото тело. Рефлексотерапијата е древниот метод на самолекување и активирање на исцелувачките процеси во телото, како физичката, така и менталната состојба. На почетокот на дваесеттиот век, американскиот доктор Вилијам Фицџералд развил модерна зонска терапија на човечкото тело. Зонската терапија се смета за основа на денешната рефлексологија, иако не е единствениот принцип на кој се базира. Поисправно би било да се каже дека денешната рефлексологија се заоснова на древните принципи на меридијанската терапија која потекнува од Кина и која ја знаеме со име акупунктура.

    Станува збор за природна, лесна и неинвазивна техника за стимулација на циркулацијата, ендокриниот и нервниот систем, како и на речиси сите органски функции во организмот. Таа е многу пријатна техника која има холистички пристап бидејќи го третира човекот во целост, како една целина.

    Заоснована е на теоријата дека секој орган и органски систем во телото има своја точно одредена зона во микросистемите на телото. Такви микросистеми се:

    • Стапалата
    • Дланките
    • Ушните школки
    • Лицето

    Зонската терапија (енергетски) го дели телото на 10 назначени зони ( вертикални симетрични), по должина на нашите тела, пет на левата страна, а пет на десната страна од стапалата до главата и обратно. Секоја зона вклучува одредени органи, кои се наоѓаат во неа. Кога ќе ги споиме двете стапала, заедно тие го формираат трупот на човечкото тело. Ножните прсти се главта и вратот, перничињата се градниот кош, желудникот и цревата се во долната половина на табаните, а подрачјето на карличната област е околу петата.

    Рефлексотерапијата е комплементарна терапевтска техника кај која, во зависност од примената или целта на техниката, разликуваме:

    • Терапевтска
    • Релаксирачка

    Таласотерапија е употреба на морската вода и останатите морски продукти во превентивни и терапевтски цели при најразлични здравствени и релаксирачки индикации. Нивната превентивна, терапевтска, рехабилитациска и релаксирачка употреба е пред се распространета во најразлични бањски, рехабилитациони, спа и велнес центри.

    Се употребуваат морската вода, морската сол, раствори од морска сол, морската кал, морските алги и морската клима. Се верува дека морската сол и водата имаат корисни ефекти врз порите на кожата, преку кои продираат во телото.

    Таласотерапијата потекнува од 19 век, од некои приморски места во Англија и Франција. Како основоположници на оваа терапија се сметаат др. Richard Russel, од Англија и биологот Rene Quinon , од Франција, кој ја усовршил и дополнил современата таласотерапија и истовремено ја докажал сличноста меѓу морската вода и клеточната плазма кај човекот.

    Главниот принцип на делување е преку воспоставување на природна хемиска рамнотежа на телото. Кога телото ќе се потопи или намачка со топла морска вода или раствор од морска сол, преку кожата се абсорбираат потребните минерални соли кои ги содржи морската сол. Научниците тврдат дека е особено важно влијанието врз кожата и сврзното ткиво. Таласотерапијата ја стимулира циркулацијата, метаболизмот, излачувањето на токсините, го подобрува снабдувањето со кислород и ја забрзува регенерацијата на клетките. Се препорачува при состојби по повреди и операции на локомоторниот апарат, ревматски проблеми, невролошки проблеми, депресија, напнатост и стрес. Ни помага да ја подигнеме општата отпорност на телото, енергијата, ревитализацијата, предизвикувајќи истовремено релаксација на телото и психичка опуштеност.

    Ви нудиме единствена и оригинална релаксирачка масажа со солен раствор, морска сол и облоги, масло со рузмарин или портокал.

    Масажата започнува со посебен ритуал на нанесување на масло и солен раствор од морска сол, по целото тело. Употребувајќи најразлични масажни и дренажни техники и акупресура.

    Ви овозможуваме:

    • Релаксација, телесно и психичко опуштање
    • Намалување на мускулната напнатост и замор
    • Детоксикација и елиминација на вишокот токсини и течности
    • Масажата е обогатена со употреба на топли камења.