За нас

Body to balance (Боди ту баланс) е професионално студио за масажа, мануелна терапија и кинезитерапија основано во 2019 година.

Главен физиотерапевт и сопственик на Боди ту баланс е Марјан Прошев, дипломиран физиотерапевт на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој уште за време на своите студии на Медицинскиот факултет се стекнува со значајно практикантско искуство во:

  • Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни болести – „Свети Стефан“ - Оддел за функционални тестови
  • Заводот за рехабилитација на респираторни заболувања, Отешево - Оддел за кинезитерапија
  • Заводот за физикална медицина и рехабилитација, Скопје - Оддел за работна терапија , Оддел за кинезитерапија и Оддел за електротерапија.

Веднаш по дипломирањето работи како главен физиотерапевт во студио АЛТЕРНАТИВА под директно менторство на Дејан Ѓорѓиевски, мануелен терапевт, рефлексотерапевт и предавач на Академијата за мануелна терапија во Љубљана.
После четири годишното значајно работно искуство одлучува да отвори свое студио за професионална масажа, мануелна терапија и кинезитерапија.
Својата едукација на полето на мануелните терапии ја има надоградено во Р.Словенија здобивајќи со повеќе сертификати меѓу кои:

Certificate of CPD Completion, Medical Acupuncture for the treatment of musculoskeletal pain - OMT Medical Acupuncture, Slovenia

Certificate of CPD Completion, Dry Needling for the treatment of musculoskeletal pain - OMT Dry Needling, Slovenia

Сертификат за завршен курс по кинезитејпинг - Higeja, Šola za maserje in terapevte, Slovenia

Сертификат за завршен курс по Bowen-ова терапија - Higeja, Šola za maserje in terapevte, Slovenia

Сертификат за завршен курс по хавајска масажа Ломи Ломи - Higeja, Šola za maserje in terapevte, Slovenia

Body To Balance


Професионално студио за масажа, мануелна терапија и кинезитерапија каде може да добиете резлични типови на терапии, масажи и физикални процедури.


УСЛУГИ